Cyber Gaming
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


Cyber Gaming by Inel.mk!!
 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 AMX Команди!

Go down 
АвторПорака
Admin
Admin
Admin


Број на мислења : 12
Join date : 2010-12-01

AMX Команди! Empty
ПишувањеПредмет: AMX Команди!   AMX Команди! EmptyЧет Дек 02, 2010 4:35 am

Еве неколку корисни команди кои би им се нашле на идните/сегашни админи.


Банирање:
amx_banip ник времетраење причина
-пример-
amx_banip PLAYER 100 "psuenje" //PLAYER е името на играчот, 100 е временски бан, а причината е псуење.

Доколку сакате перманентен бан, на местото на 100 ќе пишете 0 како во примерот подоле
-пример-
amx_banip PLAYER 0 "imas cit" //PLAYER е името на играчот, 0 е времетраење (перманентно) а imas cit е причината.

Доколку има 2 играчи со слични никови на серверот, морате да го банирате играчот по неговиот AMX број.
Начинот на кој што ќе го направите тоа е следен:
Прво, пишувате amx_who. Со ова во конзолата ќе ви се појават сите вклучени играчи, заедно со нивото на пристап и нивниот amx број.
Потоа, го копирате amx бројот и ја пишувате следнава команда:
amx_banip #123456 0 cit //каде 123456 може да биде кој било број, 0 е перманентен бан, а cit е причината.

*При банирање, неморате да го пишувате целиот ник, туку можете само неколку знаци по ред кои само тој играч ги поседува.
**Имајте во предвид дека amx бројот може да се искористи и во други команди, каде се јавуваат конфликти на никовите, не само во amx_baip. Начинот на употреба е ист, или сличен.
***Внимавајте кога ја пишувате причината, користејќи (space), да не ги изоставите наводниците, бидејќи во спротивно ќе биде прикажан само првиот збор од причината.
-пример-
amx_banip PLAYER 0 gasi wh //PLAYER е името на играчот, 0 е перманентен бан, а причината која на играчот ќе биде прикажана е gasi.
amx_banip PLAYER 0 "gasi wh" //PLAYER е името на играчот, 0 е перманентен бан, а причината која на играчот ќе биде прикажана е gasi wh.


Кикнување:
amx_kick nick , каде nick е името на играчот.
-пример-
amx_kick PLAYER //каде PLAYER е името на играчот.

Слапување, uberslap, умртвување, ракета, инфицирање:
amx_slap nick dmg , каде nick е името на играчот, а dmg е јачината со која играчот ќе биде слапуван.
-пример-
amx_slap PLAYER 5 //каде PLAYER е името на играчот, а 5 е јачината со која тој ќе биде слапуван.
amx_slap PLAYER //каде PLAYER е името на играчот, а јачината со која тој ќе биде слапуван е 0.
amx_uberslap PLAYER //каде PLAYER е името на играчот, и тој ќе биде uber-слапуван.
amx_slay PLAYER //каде PLAYER е името на играчот, и тој ќе биде умртвен.
amx_rocket PLAYER //каде PLAYER е името на играчот, и тој ќе биде направен во човечка ракета.
amx_infect PLAYER //каде PLAYER е името на играчот, и тој ќе биде инфициран (зомби мод).

Adminchat:
Доколку сакате да пишувате на колегите админи, можете да го направите тоа преку притискање на копчето за зборење на тим (најчесто u)и со додавање на знакот "@" пред пораката:
-пример-
say_team:@ Zdravo admini

Доколку сакате да пишувате со бели букви, можете да го направите тоа со пиритискање на копчето за зборење на сите (најчесто y)и додавање на знакот "@" пред пораката:
-пример-
say:@ Bez psuenje ve molam.
Доколку сакате да напишете со бели букви, но горе во центар, тогаш додадете го знакот "@" два пати:
-пример-
say:@@ Bez psuenje ve molam.
Доколку сакате да напишете со бели букви, но долу во центар, тогаш додатете го знакот "@" три пати:
-пример-
say:@@@ Nemojte da stekate!

*Внимание* Доколку првата буква од вашиот збор е мала, тогаш пораката може да се прикаже на бојата еднаква на таа буква (b=blue, y=yellow, g=green, итн),
со што во целост првиот збор ќе ви биде голтнат, а пораката ќе биде прикажана во таа боја. Доколку не сакате ова да се случи, внимавајте првата буква од првиот збор да ви биде секогаш голема.
-пример-
say:@ baniranje e dozvoleno. // ќе се покаже сина порака гласејќи "e dozvoleno.", со што првиот збор е голтнат.
say:@ Baniranje e dozvoleno. // Ќе се покаже бела порака, гласејќи "Baniranje e dozvoleno." со што зборовите се зачувани во целост.

Доколку сакате да пишувате на сите, живи и мртви, но да не бидете прикажани со бели букви, можете да ја искористите командата amx_say.
-пример-
amx_say dobredojdovte //каде "dobredojdovte" е пораката, а таа ќе биде прикажана во просторот за разговор.

Private-Message:
Доколку сакате да пишувате приватни проаки, тоа можете да го остварите со притискање на копрчето за зборење на тим, и додавање на знакот "#",името на играчот на кој што се обраќаме веднаш по него, и пораката.
-пример-
say_team:#PLAYER dojdi ke cuvame zaedno //каде PLAYER е името на играчот, а "dojdi ke cuvame zaedno" е пораката која ќе биде прикажана на играчот.

Гагување:
Доколку сакате да гагувате некој играч (да неможе да пишува), истото можете да го направите преку пишување на командата amx_gag во конзола:
-пример-
amx_gag PLAYER //PLAYER е името на играчот, а играчот ќе биде гагуван на 10 минути.
amx_ungag PLAYER //PLAYER е името на играчот, а играчот ќе биде од-гагуван од претходен гаг.

Amx-SPEC:
Користејќи ја amx_spec командата, овозможува вие да сте во тим SPECTATOR, додека на табелата сте прикажани како T или CT.
-пример-
amx_spec CT //CT е тимот, и вие ќе бидете префрлени во SPEC, а на табелата ќе бидете прикажани како CT, заедно со вашите бодови.
amx_spec T // T е тимот, и вие ќе бидете префрлени во SPEC, а на табелата ќе бидете прикажани како T, заедно со вашите бодови.

Рестартирање на рунда:
Можете да ја рестартирате тековната рудна преку командата amx_rr.
-пример-
amx_rr 3 1 //каде 3 е бројот колку пати ќе биде рестартирана рундата, а 1 е бројот на секудни помеѓу рестартирања.

Преместување на играч во тим, и други команди преку amxmodmenu:
Доколку сакате да преместите играч во друг тим, или да пристапите на други команди, можете да го остварите тоа со пишувањена amxmodmenu во конзола:
-пример-
amxmodmenu //откатко ќе ја напишете командата, ви се појавува визуелно текстуално мени во играта, налик на тим-радио.

*злоупотребата ќе резултира со суспензија.
Вратете се на почетокот Go down
http://cybergaming.forumotion.eu
 
AMX Команди!
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Cyber Gaming :: Cyber Gaming Counter-Strike 1.6 сервер-
Отиди до: